До 12:30 часот, на територијата на Македонија имало вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се под контрола, а три се водат како сè уште активни, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се три пожари и тоа во Општина Битола – с. Братиндол, гори сува трева во нива, во Општина Прилеп – гори сува трева над касарната и во Општина Валандово – гори сува трева покрај патот Валандово–Дојран.
Под контрола се два пожари, и тоа во Општина Тетово – гори ѓубре кај железничката станицаи во Општина Ранковце – гори ниска трева и ситна шума./Макфакс
Текстот Пет пожари на отворено во Македонија е превземен од МАКФАКС.