Работнички го засили ростерот со пет нови фудбалери во пресрет на стартот на зимските подготовки. Марио Станковски и Андреј Лазаров повторно се вратија во нашиот клуб од Борец, односно Тиквеш, а нови играчи на Работнички се и Марјан Ристовски и Бурхан Мустафа од Борец, како и Андреј Кировски од Силекс.
Мустафа ќе ја засили конкуренцијата на голманската позиција, Андреј Лазаров и Марјан Ристовски ќе конкурираат за средниот ред, Андреј Кировски ќе делува во одбраната, додека Марио Станковски во навалниот ред на тимот што ќе го предводи Александар Влахо.
фото: ФК Работнички