Се повеќе се зборува дека Серхио Агуеро следната сезона ќе се пресели во Барселона и ќе игра во тандем со Меси, кој најверојатно ќе остане на „Камп Ноу“. Вакви информации може се почесто да се сретнат во шпанските медиуми.
Но, англиските медиуми направија список на желби на Пеп Гвардиола за наследници на Кун Агуеро. Иако е малку веројатно да се случи тоа, бидејќи токму поради него Агуеро оди во Барса, Меси е прв на листата. Долгогодишна желба на Гвардиола.
Втор е Ромелу Лукаку од Интер, за кого Гвардиола е подготвен да понуди 80 милиони евра на Интер. Уште еден напаѓач на италијанскиот тим е желба на Гвардиола, станува збор за Лаутаро Мартинез, кој и пред почетокот на оваа сезона се поврзуваше со Манчестер Сити. Освен овие тројца, на листата е и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, кој можеби во целата оваа ситуација е најпристапната цел на тренерот на Сити. Како последен на оваа листа од желби е ставен Дени Ингс, 23 годишен напаѓач на Саутемптон.
loading…