Германците со песимизам ја дочекуваат 2021 година, покажува истражувањето на институтот „ЈуГов”, јави агенцијата ДПА.

Само еден од четворица Германци, или 25 проценти од испитаниците, очекуваат во следната година да се надмине пандемијата а две третини веруваат дека коронавирусот ќе има негативно влијание врз животот на луѓето во Германија во текот на целата 2021 година. Според истражувањето нарачано од агенцијата ДПА, 22 проценти од испитаниците очекуваат потешки ограничувања во животот.

Само еден од петмина Германци, или 20 проценти, очекува дека до крајот на 2021 година публиката ќе може да се врати на фудбалските стадиони. Секој десетти верува дека ќе биде можно повторно да се оди на одмор каде било во текот на летото.

Огромното мнозинство, 84 проценти, сметаат дека обврската за носење маски ќе остане во сила барем на некои места до крајот на 2021 година.

The post Песимизам: Само еден од четворица Германци очекуваат крај на пандемијата во 2021 година appeared first on Слободен печат.


Песимизам: Само еден од четворица Германци очекуваат крај на пандемијата во 2021 година was first posted on декември 29, 2020 at 11:36 am.