Штутгарт вечерва славеше против Балинген со 27-23 и така се искачи на 11. место на табелата. Македонскиот ракометар Жарко Пешевски, по само три дена од завршувањето на репрезентативните обврски, им се врати на обврските и вечерва имаше одличен натпревар во Бундеслигата.
Со вечерашните бодови Штутгарт се искачи на 11. позиција на табелата во Бундеслигата со 21 бод.
Македонскиот ракометар одигра солиден меч за Штутгарт и им помогна да триумфираат со три гола во мрежата на Балинген.
