Вчера вечерта, околу 19:45 часот, на кејот „Братство-Единство“ во Гостивар, 76-годишниот П.П. од Гостивар беше тешко повреден откако врз него налетало возило „фолксваген шаран“ со гостиварски регистерски таблички.
Автомобилот го управувал 63-годишниот Џ.М. од селото Мало Турчане. Повредениот пешак бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
По наредба на јавен обвинител, увид извршила екипа од гостиварската полиција.
Текстот Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа во Гостивар е превземен од МАКФАКС.























