Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на 27 декември околу 11 часот на улицата „Народен фронт“ во Скопје.

Според информациите од СВР Скопје, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 53-годишна скопјанка, удрило во 31-годишен пешак, исто така од Скопје.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што повредите му биле констатирани од лекарска екипа.

На местото на настанот бил извршен увид од полициска екипа од СВР Скопје, а причините за несреќата се утврдуваат.

Текстот Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа во Скопје е превземен од МАКФАКС.