„Заев лаже дека ќе поднесе оставка доколку кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на неговата партија Петре Шилегов загуби во вториот круг. Тој е професионален лажго“, изјави специјално за бугарскиот портал DEBATI.BG, колумнистот на порталот „Трибуна“ Владимир Перев.

Од DEBATI.BG потсетуваат дека премиерот Заев пред неколку дена изјави дека, доколку биде поразен кандидатот на СДСМ Петре Шилегов, ќе поднесе оставка од премиерската функција. Шилегов се соочува со Даниела Арсовска, поддржана од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Таа беше обвинета од нејзините противници дека има бугарско државјанство.

„Работите треба јасно да се кажат. Заев е професионален лажго. Заборава што кажал и после 5 минути кажува друго. Очекувам Арсовска да ја добие градоначалничката битка за Скопје“, вели Перев. Тој не го исклучува сценариото во кое всушност ќе биде поднесена оставката, но тоа ќе биде само формално и на крајот нема да биде прифатена.

„Заев не сака да поднесе оставка. Го загуби своето влијание, приватните бизниси, довербата на својот народ. Но, тој може да поднесе оставка само ако тоа го иницира партиското крило“, вели Перев за Дебати.бг.