„Нападот врз мене е резултат на веќе долгогодишната нетрпеливост кон Бугарите во РС Македонија. Таа нетрпеливост зеде врв во последните 15-тина години.“ Со овие зборови познатиот публицист и македонски Бугарин, Владимир Перев, го коментираше пред бугарските новинари нападот што се случи врз самиот него во петокот навечер, јавува Трибуна.

За бугарските колеги Перев истакнува дека не го познава напаѓачот и дека никогаш претходно не го видел. Тој исто така го опиша настанот за што прв пат напиша во колумна објавена на порталoт Трибуна.

Перев смета дека случајот ќе биде брзо заборавен, бидејќи ќе дојдат нови проблеми во односите на релација Скопје-Софија.
„Овде станува збор за меѓудржавен проблем, за едни меѓудржавни односи. Односи во кои треба да бидат активни министерствата за надворешни работи, парламентите на државите, владите. Еден човек не може да направи ништо, сите треба да се трудиме за разрешница меѓу проблемите на двете држави“, вели Перев. Тој ја информираше бугарската јавност дека добил целосна поддршка од бугарската Амбасада во Скопје, од бугарското Министерство за надворешни работи и дека се слушнал лично со министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев.

Во однос на својот напаѓач Перев посака истиот да се појави во етерот на македонската држава и таму пред јавноста да ги искаже сите навреди кон Бугарите што му ги кажал нему.

Сите бугарски здруженија во РС Македонија ја изразија својата поддршка за познатиот публицист и борец за правата на Бугарите во РС Македонија, Владимир Перев.