„Јас исто како некои бугарски аналитичари сметам дека влезот на Македонија во ЕУ во овој момент ќе биде Тројанскиот коњ на Русија во неа, со цел нејзиното уништување. Така што во суштина секое едно одложување на влезот на РС Македонија којшто поминува преку разрешување на конфликтот со Бугарија во суштина е позитивно за целината и демократските вредности на ЕУ“, изјави во интервју за бугарскиот портал Debati.bg колумнистот на порталот Трибуна, познатиот македонски Бугарин, Владимир Перев.

Според Перев засега нема можност во блиска иднина односите во Македонија и Бугарија да се подобрат и да излезат од т.н период на „ладна војна“.
Што уште кажа Владимир Перев во интервјуто за Debati.bg погледнете на следниот линк.