Никола Перевски-Пере од познатиот бенд „Нокаут“, денеска го слави својот именден, и токму на овој ден одлучи со своите фанови на Инстаграм да ги сподели првите фотографии од неговата ќеркичка Софиа.

Си дојде дома мојата трета ќерка, моето трилече што мириса на млекo“, напиша Пере во опис на фотографиите.

Пере по третпат стана татко, а Софиа ја доби од неговиот втор брак со Јована Темелковска.