Пеп Гвардиола ги критикуваше навивачите на Манчестер Сити, а тие веднаш одговорија.

Сити во средата беше домаќин на Лајпциг во првиот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите и славеше со 5:3, но Гвардиола беше разочаран и лут што имаше „само“ 38.000 навивачи на стадионот, иако капацитетот на „Етихад“ е 54.000.

Навивачите на Манчестер Сити беа многу разочарани од зборовите на нивниот тренер, а официјалниот клуб на навивачи на Сити веќе објави соопштение во кое го советува својот тренер да се држи до својата работа.

„Пеп не разбира дека не сите обожаватели имаат време во среда навечер да го следат натпреварот во живо. Можеби треба да се грижат за своите деца и немаат време. Се уште има проблеми поврзани со пандемијата. Ние не разбираме и не знаеме зошто го рече тоа. Се работи за најдобриот тренер на светот и би било подобро тој да си ја работи својата работата“.

Манчестер Сити в сабота ќе се соочи со Саутемптон во Премиер лигата, а Кевин Паркер, шефот на навивачкиот клуб Манчестер Сити, не се сомнева дека „Етихад“ ќе биде исполнет до последното место.

„На последните два домашни натпревари во Премиер лигата, нашиот стадион беше целосно исполнет и истото го очекуваме и против Саутемптон. Мислам дека никој во клубот не треба да се сомнева во лојалноста на навивачите. Ова е многу фрустрирачки за нас“, рече Паркер.