
Пензискиот фонд е во стабилна состојба, пензиите како и досега ќе си продолжат со тековна, редовна, навремена исплата. Нема никаков проблем во врска со одржливоста на буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, изјави директорката на ПИОМ Билјана Јовановска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
– Пензионерите може да бидат сосема спокојни, Пензискиот фонд е во стабилна состојба, пензиите како и досега ќе си продолжат со тековна, редовна, навремена исплата. Имајќи предвид дека во корона-кризата Владата донесе одлука пензиите се уште ги исплаќаме и предвреме, односно еве и сега на крајот на месецот ќе бидат исплатени јулските пензии. Во делот на планираните приходи и расходи се сè одвива онака како што беше предвидено, како што беше планирано, вели Јовановска.