Мухамер Весели, директор на Агенцијата за Халал Стандард и член на Ријасетот на ИВЗ
Приближно по пет месеци, од изведениот ѓаволски план од страна на поглавицата пензионерот Шаќир Фетаи, како неспоредлив манипулант, со претходно измислено вештерско сценарио на наводен пуч спрема него, во доцните вечерни часови на Недела 21 мај 2023 год, од Гостивар под силно полициско обезбедување се упатува кон седиштето на ИВЗ во Скопје, “наводно” за да ја спаси институцијата од Пуч, а во суштина креирал, организирал и спроведувал пуч спрема Ријасетот.
Целта на ова постапување од страна на поглавичето е позната, на незаконски начин да ја смени структурата на Ријасетот, за продолжување на неговиот мандат по исполнување на пензиските услови за пензија, и самоволно со честиот посетител на Бугарија да го организира неколку милионскиот аџилак 2023 год, и за тоа му било потребно мнозинство на членовите на Ријасетот, која поддршка ја немал.
За потсетување јавноста, Ријасетот како колегијален Уставен орган на Исламска Верска Заедница помеѓу другото, предлага, избира и го разрешува Реисул Улема, воедно е главен и единствен организатор за реализација на хаџот, покрај тоа Ријасетот одлучува и за целокупната правно-административна и финансиско-економско работење на Институцијата.
Поглавицата шаќо, кога си помисли дека доследно му успеал ѓаволскиот план на измислен пуч и тамам да вдише од само забавата како спасител на Институцијата, правната разрешница си тропна врата, при што на ден 05.10.2023 год, падна и првата пресуда од страна на Основен Граѓански Суд – Скопје, со која се усвојува нашето тужбено барање, и се поништува незаконската одлуката бр. 02-252 од 22.05.2023 год, донесена од страна на Реисул Улема на ИВЗ од која одлука не произведува никакво правно дејство. Па следеа и пресудите од 16 и 26.10.2023 год.
Земајќи во предвид дека сите 5-пет одлуки на Реисул Улема на ИВЗ за разрешување на членови на Ријасетот, се со иста содржина, очекуваме и тужбите на другите двајца членови на Ријасетот да бидат усвоени од страна на Судот, со што структурата на Ријасетот на ИВЗ се враќа тоа од пред 22 мај 2023 год, и сите одлуки и решенија на Реисул Улема на ИВЗ кои произлегуваат како резултат на незаконските и ништовни одлуки од 22 мај 2023 год, исто така се ништовни, а воедно моралните и законските последици без сомнение спаѓаат лично врз самиот неспоредлив манипулант кој има име и презиме, тој е Шаќир Фетаи.
Да не му бидам должен на пензионерот чичо шаќо, кој од кога е дојден во чело на Исламска Верска Заедница, пред повеќе од три години, пред неговото срамно заминување да го потсетам за неколку важни забележани постигнати резултати од негова страна во текот на неговиот мандат, и тоа:
Целосно реновирање на WC-та на вториот спрат на седиштето на ИВЗ, дело со која насекаде се фали кутриот за тоа големо постигнување, смилувај ни се мили Боже, сам ни бил идеатор, архитектот и надзорникот на реализација на истиот проект, и за ова животно постигнување, изгледа сме му должни да му ја поставиме и сликата во истите простории за посебни заслуги.
човекот за повеќе од три години не успевал да го исполни и уставната обврска, да именува главни имами на муфтиствата ширум земјава, поради многу едноставна причина, да него именува за главен имам во Гостивар најголемиот негов лајкчија, обожавател и јавен поддржувач, станува збор за синот на поранешниот Реис од Гостивар. Но успеал за муфтија да го назначи синот на шурата исто така од село Чегране, барем си направил нешто за фамилијата.
кога веќе му завршија три годишните секој дневни лаги за наводна “легализација” на Средното Исламско Училиште Иса Бег Медреса, кутрото поглавиче во спротивно на неговите уставните надлежности навлегол во промена на план програмата на ова средна едукативна образовна установа, повторно за да направи нешто за фамилијата, овој пат да и овозможи на родената ќерка да биде “мулти шприц адекватна професорка”, и затоа без одлука на Ријасетот, за претседател на комисијата го имал назначен познатиот “мулти експерт” професор докторот од Тетово одговорен за дијаспората, а истиот се обвинува дека има проблеми со курбаните “крупниот добиток” и според поглавицата понекогаш му недостасуваат и средствата од дијаспората наменети за ИВЗ, па резилакот иде и до таму што му се споменува и некоја си “канта на овчо сирење” во текот на осумдесеттите години од минатиот век. Сепак, и покрај асистенцијата на “мулти експертот на дијаспората” повторно кутрата на поглавицата “абдал ефендија” останала неадекватна професорка, бидејќи истата во спротивно на сите педагошки норми предава дури пет предмети: Биологија, Физика, Хемија, Географија и Физичко Воспитание, по што “мулти шприц професорката на поглавичето” отвара сериозна работа и за Државниот Просветен Инспекторат.
за да придобие поглавичето малку маснотии, продолжи да го организира аџилакот спротивно на неговите ветувања и уставни надлежности, и тоа токму со честиот посетител на Бугарија, кого години наназад, го обвинува за лопов на аџилакот, човек без кредибилитет и углед во внатрешноста, шеф на паркинг и редач на возен парк, и што не друго.., нормално и ова е доследна реформа.
За крај на ова поглавје, и после три години сеуште никој во ИВЗ не ги знае причините зашто поглавичето шаќо има силно полициско обезбедување, и зашто МВР дозволува истите постојано да бидат злоупотребени, од страна на поглавицата за негово лично наметнување при донесување и извршување на незаконски одлуки за постигнување на лична цел. Можеби грешам, и не сакам погрешно да бидам сфатен, но најверојатно ова класифицирана информација еден ден ќе ја обелодени “мулти експертот” професор доктор на дијаспората.
Според сите индикации заклучуваме, дека поглавицата шаќо со неговото конфузно и разочарувачко однесување како резултат на неговиот целосен неуспех, како катастрофална неуспешна личност, кој душевно не може да го поднесува реалноста дека не е ништо друго освен зевзек манија и абдал ефендија, станал сериозен и загрижувачки проблем во ИВЗ од пошироки размери, дури некои го сметат за опфатен и со синдромот “нарцизам” кој има сериозни проблеми и е во длабока душевна криза, немајќи мир во себеси, човек кој залудно си го истроши скапоценото време со лаги, манипулации и фото албуми како недораснато детиште, без да ги мрдне работиве од мртва точка.
За реформите, внатрешна дебата и консултации пред донесување одлуки, законско работење, транспарентност и отворена институција за медиумите и јавноста, за моралот, чесноста, верата, духовноста и Божественото од сето тоа кај поглавичето шаќо ама баш буквално нема ништо. При што засекогаш во редовите на Исламска Верска Заедница ќе биде паметен како неспоредлив манипулант, лажливец, измислувач на ѓаволски планови со вештерски сценарија, абдал ефендија, и како човек кој буквално ама баш никогаш немал доблест да си искаже барен еден збор, и тоа дека никогаш не бил КОДОШ.