Највозрасната група на граѓани во земјава, се жалат дека нивните примања се многу мали. Имаат најразлични ставови околу тоа, колку би требало да изнесуваат пензиите, но сите се сложни дека треба да бидат повисоки од моменталните кои ги добиваат.
„Одвај може да се помине месецот, цените и сметките значително се зголемени, а дел од нас не земаат ниту 200 евра пензија“, изјавуваат пензионероте.
Предлогот на Сојузот на здруженија на пензионери е во усогласувањето на пензиите да се земе во предвид дел од зголемувањето на платите и дел од растот на трошоците за живот. Очекуваат дека нивните предлози за владата ќе бидат прифатливи.
Во моментов усогласувањето се прави два пати во годината – според порастот на трошоците за живот, но покрај ова во законот за пензиско постои можност за усогласување и според платите, и тоа ако минималната порасне за 15 проценти, а просечната за 5 отсто. Но, за ова државата треба да донесе посебен акт а во случајот со нивниот предлог нема да има потреба од тоа.
Пред извесно време вицепремирот Битиќи, посочи дека очекува наскоро да има зголемување на пензиите. Не прецизираше за колку би било тоа само најави дека ќе има раст најголем до сега.
Во земјава има 328 илјади пензионери.