Седумдесет и деветгодишен маж од Скопје, кој претходно беше пријавен за исчезнат, е пронајден синоќа.

Од МВР информираат дека пензионерот бил најден на автобуска постојка во скопската населба Аеродром.

Неговиот син претходно го пријави за исчезнат, а по акцијата на полицијата, мажот е пронајден. Макфакс