САД ќе испратат воена помош на Украина за уште 400 милиони долари и во Германија ќе создадат команден центар за помош во областа на безбедноста, соопшти денеска Пентагон.
Центарот ќе биде одговорен за трансфер на целото оружје во Украина и обука на украинските војници.
Новото командно место, наречено Група за помош за безбедноста на Украина, е показател за подолгорочна програма за поддршка на Киев во неговата борба против Русија, рече портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг.
Новиот пакет од 400 милиони долари вклучува договори за 1.100 дронови Phoenix Ghost, финансирање за поправка на 45 тенкови, 40 речни чамци и други системи. Но, оружјето ќе помине низ шемата „Иницијатива за помош за безбедноста на Украина“ и нема веднаш да биде доставено во Киев. Оружјето според оваа иницијатива се нарачува од производителите, а не се зема од воените магацини.
Од почетокот на војната на 24 февруари, САД и дадоа на Украина оружје и друга опрема во вредност од 18,2 милијарди долари. ј