Со војната во Украина ослабнати се како вооружените сили на Русија така и руската држава, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби, а во пресрет на средбата на сојузниците и партнерит по НАТО во Германија што се одржува денеска.
-Армијата (на Русија) стана послаба. Државата исто така стана послаба и сега уште повеќе се изолира, изјави Кирби во интервју за Си-ен-ен.
Додаде дека САД сакаат Русија во иднина да нe може да биде закана за своите соседи.
-Руската економија е во тешка ситуација. Незините вооружени сили се истоштени во многу погледи, не целосно, но безусловно (Русија) изгуби многу свои војници Ð ¸ претрпи загуби во оваа инвазија на Украина, изјави тој.
Кирби не сакаше да даде подетална нфрормација за состојбата на руските вооружени сили.