Кога се потпиша „Бехтел“-„Енка“ договорот, првата и главна порака, што ја изпративме беше најевтин километар автопат на Балканот, досега што е изградено.Таа вест никој не ја знае. Сите ме прашуваат, е како потпишавте најскап! Значи некој бот, што уфрлил дека е тоа најскапо е поважен“, изјави во емисијата „Интервју на Шења“ министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.
Според Пенов и мејнстрим медиумите влегле во тоа ботовско пренесување, со цел според него да се најде нешто интересно. Министерот за локална самоуправа обелодени истакна дека минатата недела била одржана средба со новинари, токму за „Бехтел-Енка“ со главен акцент надзорот на проектот. Пенов обелодени дека бил во надзорот на автопатот Демир Капија-Смоквица и истакна дека истиот бил многу поскап, но никој не се интересирал за надзорот.
„Јас бев во надзорот на автопатот Демир Капија-Смоквица, наплативме многу поскапо, отколку што сега наплаќаме. Никој не се заинтересира за надзорот, кои се внатре, колку пари… Сега стана главна тема надзорот. Сакам да ви кажам како бегаме од вистината… “, изјави Пенов.