Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов изрази сомневање дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ ѝ служи на Бугарија и на нивниот сопствен рејтинг. Според Пенов е нелогично партијата што го слави д-р Христо Татарчев како прв претседател на ВМРО, кој не го признавал постоењето на македонската нација, да не се согласува Бугарите да влезат во Уставот за РС Македонија да го продолжи својот пат кон ЕУ.

„Палатата на ВМРО се вика Татарчев,имаме и споменик на плоштад. Татарчев е заслужен како прв претседател на ВМРО, во ред. Но Татарчев почина, откако се создаде Република Македонија и откако е створена Македонија, македонска нација е признаена, тој ги пишува своите мемоари во кои кажува „нема Македонци“, „Македонија е бугарска“. И ние на таквиот човек, Груевски му изгради споменик на плоштад до Триумфалната, а овие седат во палата, која ја нарекуваат Татарчев.Ако сме против Бугарите во Уставот, ако сме против реципроцитет, со кое право,ти тој товар го носиш на грб. Славиш име на човек, којшто вика дека ти не постоиш.А мене ме тераш, да не одам кон Европа со вклучување на Бугарите во Уставот“, истакна Пенов во емисијата „Интервју на Шења“ на ТВ Шења.