Преку истакнување на успешните примери да видат сите како треба да се однесуваат, ова е мојот метод, изјави министерот за локална самоуправа Ристо Пенов при посетата на општина Карпош посочувајќи ја како пример за штедење струја.

Санкции нема да има да поголемите потрошувачи, туку ќе се разговара.

„Добивме некои насоки и барања од општината пред се во делот на урбанизмот, јавното паркирање, ќе се обидеме да најдеме начин како да го решиме тоа. Дојдовме да ја пофалиме општина Карпош според директивите што ги дава владата за штедење, заштедата во оваа општина е 50%“, вели Ристо Пенов.

„Разговаравме за енергетската криза, и можностите за поддршка од страна на владата за проекти за заштеда на енергија на уличното осветлување во градинките и училиштата. За проблемите со кои се соочуваме при обидите за инвестирање како на домашни така и на странски инвеститори“, вели Стевчо Јакимовски.