Претседателот Стево Пендаровски се сретнал со бугарскиот премиер Кирил Петков.
Пендаровски на социјалните мрежи напиша:
Со бугарскиот премиер Петков имав прилика да поразговарам и на маргините на Минхенската конференција, по неодамнешната средба во Скопје.
Дискутиравме за динамиката на работните групи, продуктивноста на тој план и можностите за пробив на европски план, кој би значел заеднички успех.