Претседателот на државата, Стево Пендаровски се очекува утре да му го додели мандатот на Димитар Ковачевски за состав на новата Влада. Со ова практично ќе почнат да течат уставните рокови за нејзино составување и изгласување во Собранието.
Спикерот Талат Џафери верува дека мандатарот нема да го чека последниот рок. Програмата и предлог-министерскиот состав ги очекува околу 11 јануари а пет дена подоцна да се одржи и седницата на која ќе се изгласа новата Влада.
-Се надевам дека мандатарот нема да оди во крајните рокови имајќи ги предвид сите преговарања направени претходно. Очекувам некаде 10-ти или 11-ти да го добијам предлог составот на Влада и програмата и врз основа на консултациите со пратеничките групи кои што се во Собранието да се определи датум за одржување на седница – најверојатно тоа ќе биде 15ти / 16ти јануари.“- Талат Џафери, претседател на Собрание.