Шефот на државата Стево Пендаровски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека тешко дека ќе дојде до 2/3 мнозинство за внестување на Бугарите во Уставот.

Според него, Бугарија бара работи за кои знае дека не може да се исполни.

„Просто е невозможно да направиш 2/3… Во наредниот период и години, еве и денешнава опозиција кога ќе биде на власт повторно не можеш да направи самата 80 гласа за прашање за кое и ти самиот констатираш дека е преседан од невидени размери“, вели Пендаровски.