Претседателот на државата, Стево Пендаровски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочува дека во новиот модифициран француски предлог не се чепка во идентитетот.

„Првиот француски предлог не предвидуваше скрининг, овој предвидува и притоа се разбира, ги задржува другите елементи во кои не се чепка во идентитетот, што е за нас апсолутно најважната работа“, вели Пендаровски на ТВ21.