Претседателот Стево Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос се сретна со сопственикот на Манчестер Јунајтед, Аврам Глејзер.
Како што Пендаровски напиша на социјалните мрежи, тие разговарале за македонскиот репрезентативен фудбал, за Роналдо, но и за најновите засилувања на Манчестер.
„Со сопственикот на Манчестер Јунајтед Аврам Глејзер, во Давос на Светскиот економски форум разговаравме за подемот на македонскиот репрезентативен фудбал и квалитетот на нашите фудбалери. Зборувавме и за Роналдо, несомнено еден од најдобрите. Ја имав честа од прва рака да чујам за неговиот иден статус и за најновите засилувања во клубот“, напиша Пендаровски.