Претседателот Стево Пендаровски, во Вила Водно се сретна со дедо Јован Величковски, директен учесник во Народноослободителната војна.

На своите 99 години, тој јасно се сеќава и со многу емоции зборува за настаните и тешките битки во војната. До неодамна и редовно положувал свежо цвеќе оддавајќи им почит на загинатите соборци.

На средбата дедо Јован на Пендаровски му подарил негова книга, односно мемоари за неговот живот и учеството во Народноослободителната војна.