Само ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат кондиција во собранието да предизвикаат предвремени парламентарни избори, смета претседателот Стево Пендаровски.
-Сепак, кој би бил мотивот на ДУИ за тоа. Тие може да речат дека така ќе освојат повеќе пратеници, но дали е можен напредок во европската агенда со ВМРО-ДПМНЕ. Ако се постигне договор со Бугарија, дали имплементацијата ќе биде подобра со ВМРО-ДПМНЕ – рече тој на ТВ 24.
Сепак, тој додаде дека, според него, владата има повеќе шанси да го заврши мандатот до крај отколку да се оди на предвремени избори.