Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ќе престојува во официјална посета на Косово, каде што ќе има средба со косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу, по што ќе следи состанок на делегациите на Северна Македонија и Косово. Претседателот Пендаровски ќе разговара и со претседателот на косовскиот парламент Глаук Коњуфца и со косовскиот премиер Албин Курти.
За време на посетата на Косово, Пендаровски ќе ја посети и регионалната команда на КФОР-Запад, како и членовите на македонскиот контингент во рамките на таа меѓународна мисија на НАТО во Пеќ.