Претседателот Стево Пендаровски со сопругата пристигнаа во Лондон за погребот на кралицата Елизабета Втора. Во книгата за жалост Пендаровски се потпиша и порача:

Дојдовме во Лондон за да оддадеме последна почит на Кралицата Елизабета Втора.

Голема почит за децениите во служба на народот и за тоа што беше пример за лидерство, скромност и великодушност.

Нека почива во мир.