Претседателот на државата, Стево Пендаровски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека претходниот француски предлог не содржел отворање на преговорите, ниту пак почеток на скрининг процесот.

„Претходниот француски предлог не содржеше отворање на преговорите. Прецизно кажано, значи велеше се одржува прва политичка или симболична конференција, но немаше збор дека се отвора, дека првата фаза стартува“, вели Пендаровски.

Според него, во тој предлог се велело дека кога ќе се промени Уставот, тогаш ќе се отворат преговорите.