Претседателот Стево Пендаровски, по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, денеска положи цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“.
Во рамки на одбележувањето на јубијелот, делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје и на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот „Македонија“ во Скопје.