Претседателот Стево Пендаровски смета дека државата е подготвена од 1 јули годинава да го преземе претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), без разлика на обврските што ги има со претседавањето во ОБСЕ.
-Во Министерството за надворешни работи веќе е оформена работна група која од првиот ден ќе ги почне подготовките за првите активности во рами на процесот. Ова што го гледате денеска е само завршен чин, инаку на различни политички нивоа, и не само политички, постојат состаноци во текот на целата година, а ние сме потполно подготвени. Сме биле и порано домаќини на овој процес и тоа нема да биде нова работа за нас. Дополнителен проблем, во наводници, за нас може да биде тоа што во исто време сме и претседавачи со Организацдијата за европска безбедност и соработка – ОБСЕ, што дополнително ќе притисне врз нашите ограничени кадровски потенцијали и други ресурси. Меѓутоа, мислам дека како до сега, така и отсега ќе продолжиме успешно да претседаваме и со ОБСЕ, и со процесот за соработка во Југоисточна Европа, нагласи Пендаровски во Подгорица каде што учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на ПСЈИЕ.