Претседателот на државата Стево Пендаровски го врати Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти во Собранието и го извести неговиот претседател Талат Џафери дека одлучил да не го потпише Указот за негово прогласување зашто оценил дека е во спротивност со некои темелни вредности на Уставот.
Овој закон Собранието го донесе во вторникот, на 11 овој месец, а според собранискиот Деловник, сега, кога не го доби потписот на претседателот на државата, во рок од 30 дена од донесувањето треба да се врати назад во Собранието на повторно разгледување. Доколку пратениците во третото читање го донесат со мнозинство гласови, тогаш претседателот Пендаровски ќе мора да го потпише Указот за негово прогласување.
-Текстот на Законот е спротивен на член 8, став 1, алинеја 3 од Уставот каде што владеењето на правото е утврдено како темелна вредност на уставниот и, генерално, нашиот правен поредок. Имено, фактот дека со овој Закон се легализираат противзаконитите постапки на физички и правни лица за бесправно градење, кое е определено како кривично дело во Кривичниот законик, ги става во нееднаква положба правните субјекти и ја нарушува правната сигурност. Таквата постапка е спротивна со член 9, став 1 од Уставот во кој е определено дека граѓаните пред Уставот и законите се еднакви, стои во дописот на Пендаровски до Џафери.
Пендаровски додава дека е убеден дека усвоениот Закон не само што ги става граѓаните во нееднаква положба, привилегирајќи ги оние што не ги почитувале правните прописи на штета на совесните граѓани кои при градење на објекти постапувале во согласност со важечките прописи, туку, уште повеќе, стимулира непочитување на правните прописи. За особено спорен го посочува член 41 од Законот со кој од денот на влегување во сила на Законот се предвидува „запирање на управни постапки кои не се завршени со спроведување на решенијата за отстранување на бесправно изградените објекти, како и управните и судските (кривични и граѓански постапки) кои се во