Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски испратија реакција на изјавата на Бедри Ајдари, роднина на дел од обвинетите во случајот „Монструм“ кој во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави сека за време на „Шарената револуција“, му кажал дека ако се откријат вистинските виновници за убиството кај Смилковско езеро ќе избие граѓанска војна во Македонија.
Во продолжение во целост реакцијата од кабинетот на Пендаровски:
„Претседателот Стево Пендаровски ја разбира болката на семејствата кои ги изгубија своите деца и најблиски во убиството кај Смилковско езеро, како и желбата на семејствата на обвинетите да се открие вистината за целиот тој настан.
Претседателот Пендаровски секогаш се залагал и за овој и за сите други кривично-правни настани вистинските извршители да ја добијат заслужената казна и никој невин да не лежи во затвор, ако за тоа нема докази утврдени во судска постапка.
Меѓутоа, претседателот Пендаровски, во врска со случајот „Монструм“, никогаш немал средба со семејствата на обвинетите, ниту пак има какви било информации и сознанија во врска со убиствата, добиени од домашни институции или од странски извори, ниту во периодот пред да биде избран за претседател ниту потоа“.
Изјавата на Бедри Ајдари на следниот ЛИНК.