Неприфатлива е дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет, обави претседателот Пендаровски по повод 17-ти мај Денот за борба против хомофобија, трансфобија и биофобија.
-Сите треба да ги уживаат основните човекови права и не смее да има исклучоци по ниту еден основ. Како општество за жал не сме имуни на предрасуди, стигматизација и говор на омраза кон лицата кои се дел од ЛГБТИ заедницата.
Денеска но и секој следен ден, институционално, но и како поединци да придонесеме кон зголемување на свеста за прифаќање на различноста и почитување на правото на избор, вели Пендаровски.