Претседателот Стево Пендаровски не гледа потреба од какви било измени на Уставот.
– Такво нешто ниту е побарано од бугарска страна, ниту претседателот очекува воопшто да се случи затоа што усвојувањето и евентуалните амандмани на Уставот се исклучиво наше суверено право и надлежност. Во овој момент, претседателот не гледа никаква потреба за какви било измени на Уставот, изјавија за „Слободен печат“ од Кабинетот на претседателот во однос на тоа кој е ставот на шефот на државата за предлогот на министерот за надворешни работи Бујар Османи Бугарите да се стават во Преамбулата на Уставот.
Шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска, појаснувајќи ја неговата претходна изјава дека нема резерви Бугарите во Северна Македонија да бидат споменати во Уставот како посебна етничка заедница, рече дека „нема да да дозволиме некој да прави кампања дека државата прави притисок на кој било граѓанин заради етничката припадност“.