Претседателот Стево Пендаровски не планира да даде помилување на осудените лица за настаните врзани со насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.
На прашање на МИА дали Пендаровски планира помилувања во врска со упадот во Собранието, од кабинетот на претседателот појаснуваат дека тој сугерирал дека доколку некој поседува нoви докази кои можат битно да влијаат врз исходот на постапката, потребно е да ги искористи законски гарантираните вонредни правни лекови што потенцијално може да доведе до обновување на постапката.
Ваквото негово појаснување доаѓа откако во интервју на Канал 5, претседателот Пендаровски изјави дека учесниците во упадот во Собранието на 27ми април не биле терористи и дека треба да одговараат за физичко претепување, не за тероризам.