Годинава централната прослава на Мечкин Камен по повод големиот државен празник Илинедн ќе почне во 18:00 часот. Како што изјави Пендаровски на брифингот со новинарите, промената на саатницата ја направил со цел да можат сите политички лидери, од власта, но и опозицијата да стигнат на време таму, бидејќи според агентите ќе бидат и на друго место.

Ќе има и други промени. Пендаровски нема да има политички говор, бидејќи како што вели, иако биле испраќани пораки за заедништво, сепак во Крушево на овој ден имало многу поделби, исвиркувања и недолични довикувања. Поради тоа годинава ќе има само обраќање.

Пендаровски воедно рече дека покана добиле сите политички лидери во земјата на парламентарните партии и бројни функционери. Селта е заедно да се искачат до местото, а според агендата  манифестацијата ќе ја отвори актерот Никола Ристановски со читање на Крушевски манифест, потоа ќе настапат Ансамблот на македонски песни и ора Танец, потоа Ансамблот за албански народни песна и ора, Влатко Стефановски и на крајот Воениот оркестар на АРМ.