Претседателот Стево Пендаровски вели дека нема да го потпише Законот за работни односи, еден од 8-те закони кои се доставени до Собранието, а за кои Владата тврди дека ќе ја олесни изградбата на коридорите 8 и 10д. Во овој закон, кој предвидува 60 часа работна недела, одредба е неуставна и според него не треба да се повторуваат грешки, бидејќи Уставниот суд еднаш се изјаснил за оваа одредба.

Во меѓувреме продолжија судирите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, зошто договорот е доверлив и зошто сите пратеници не можат да имаат увид во него. Јован Митревски од СДСМ побара од ВМРО што поскоро да одлучи во која комисија сакаат да се разгледа договорот за коридорите.

Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека е скандалозно што пратениците ги предложиле законските измени кои се бараат во договорот.