Претседателот на државата Стево Пендаровски вели дека не се согласува да има етничка графа во личните карти. Како што вели тој во интервју за МКД.мк тоа го нема во ниту една демократска држава во светот.
-Ако владејачката коалиција се договори, ако има мнозинство и ако законот биде донесен во регуларна постапка, јас немам многу големи аргументи контра таквиот став за да не потпишам указ. Но лично не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти. Не постои демократска држава во светот во која постои етничка или религиозна припадност. Мене не ми пречи, не мислам дека тој закон ако биде донесен со таква одредба ќе ја растури државата, ниту дека ќе има негативни последици. Лично не се согласувам, но ако го изгласаат во таков облик, јас ќе го потпишам указот иако не се согласувам тој детаљ да стои во личните карти, изјави Пендаровски за МКД.мк.
Инаку, предлог законот кој е во собраниска постапка, е предложен од Движење Беса која е во коалиција со СДСМ. Поддршка за ова начелно доби од сите партии, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ. Единствена партија која е против е Левица која поднесе 1200 амандмани за да го блокира законот.