Претседателот Стево Пендаровски не бил поканет на денешното одбележување на 40-годишнината од формирањето на специјалната анти-терористичка единица „Тигар“ во касарната Илинден.
Забележително беше отсуството на шефот на државата и воедно врховен командант на воените сили.
Ова за Канал 5 го потврдија од Кабинетот на Пендаровски, истовремено изразувајќи чудење.
Денеска во касарната Илинден беше промовирано и новото лого и амблемот на „Тигрите“, а државниот врв се поклони и на споменикот на загинатите припадници на оваа единица.
Таму покрај министерката за одбрана Радмила Шекеринска, беа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за здравство Венко Филипче, па дури и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.