Претседателот на државата Стево Пендаровски, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, имал куса средба со неговиот колега, српскиот претседател Александар Вучиќ.
-Со претседателот на Република Србија, Александар Вуќиќ на кратка средба во Давос заеднички ја поздравивме одлуката на СПЦ за прифаќање на автокефалноста на МПЦ – ОА, како чекор во вистинска насока, објави Пендаровски на социјалните мрежи.