Претседателот Стево Пендаровски преку социјалните мрежи му ја честиташе победата на Емануел Макрон на изборите во Франција. Прво на македонски, а потоа и на француски јазик Пендаровски испрати следна порака:
-Честитки до Емануел Макрон за победата на претседателските избори.
Оваа победа се случува во време на предизвици кога проевропскиот избор е навистина значаен. Се надевам ќе продолжиме со соработката за прашањата кои ги зближуваат нашите земји и народи.
Според анкетите, Емануел Макрон е реизбран за претседател на Франција