Претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека луѓето од случајот 27-ми април не се терористи и додаде дека случајот треба да се отвори повторно и да се приложат нови докази, бидејќи казните се драконски високи.
„Јас луѓето првично ги прашував околу мене за какво кривично дело се гонат, јас знам дека такво кривично дело мислам формулација таква немаше на времето ниту во бивша Југославија, ниту во 90-тите години. Тоа е подоцна прифатено. Бидејќи јас нешто знам околу тероризмот и околу безбедносните проблеми и дилеми, јас тврдам дека тие луѓе не беа терористи што влегоа“, нагласи Пендаровски.
„Тие физички кои што напаѓаа луѓе треба да одговараат за претепување, како што беше за Зијадин Села и Радмила Шекеринска. И за организирање на таков настан 18 години се многу“, вели Пендаровски.