Премиерот, Зоран Заев, денеска во парламентот треба да поднесе оставка од функцијата, веднаш по завршувањето на традиционалното годишно обраќање пред пратениците на претседателот, Стево Пендаровски.
По поразот на локалните избори, Заев најави дека ќе се повлече од сите функции, а веќе даде оставка од лидерската позиција во СДСМ, каде го замени Димитар Ковачевски, кој треба да биде и мандатар за новата влада.
Поседната работна посета на Заев како премиер беше вчера во Тирана, на самитот на иницијативата „Отворен Балкан“.
Таму посочи дека кога ЕУ потфрла, обврска на регионот е самиот да се европеизира.
„Кога ЕУ потфрла, ние имаме обврска постојано и постојано да преземаме иницијативи што го европеизираат регионот и кои носат подобар, европски живот за нашите народи. Се разбира, сите три земји остануваат посветени на своите одделни агенди и обврски за пристапување во членство во Европската Унија“, истакна Заев на вчерашната прес-конференцијата.