Кирил Петков нема навредлива реторика кон земјава, смета претседателот Стево Пендаровски.
-Ако паметите таквата реторика до вчера беше стандардна рутина за некои министри. Кога зборува Петков како да зборува Нелсон Мендела, ако го споредуваме со тоа што преходно се кажуваше од бугарските министри. Имавме дневна количина на навреди. Не мислам дека Петков ја влошува состојбата. Тој стриктно говори дека владите преговараат за договори и владите имплементират. Претседателите помагаат во создавање на амбиент. Јас се надевам дека помагам во целиот процес и дијалог, вели Пендаровски.