Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ја пофали реториката на новиот бугарски премиер Кирил Петков, опишувајќи го како Нелсон Мандела за политичарите од претходниот владин состав на Бугарија.
– Да ви кажам најискрено, од она што го слушам од Петков, последниве недели откако е премиер, е како да зборува Нелсон Мандела, ако го споредите со тоа што зборуваа неколку министри од претходната влада на Борисов. Имавме дневна количина на навреди кон нас како народ и како нација, рече денеска Пендаровски пред новинарите.
Според шефот на државата, Петков се држи до тоа што му е надлежност и дека не ја влошува ситуацијата во односите, иако мора да маневрира и во внатрешниот политички контекст на Бугарија.