Претседателот Стево Пендаровски смета дека секое прекројување на границите на Балканот не придонесеува за стабилизација на регионот.
Тој негира дека на средбите со претседателот на Словенија, Борут Пахор, било разговарано за прекројување на внатрешните или надворешните граници на Балканот.
Независно од тоа дали постои таков документ или не, Пендаровски е убеден дека идеите за прекројување на границите нема да се поддржат од Европската Унија.
„Единствениот пат кој води напред кон подобар живот и благосостојба на граѓаните и државата е преку исполнување на неопходните реформи, клучни за наше придружување во европското семејство“, изјавил Пендаовски за утрешното издание на „Трилинг“ на ТВ24.