Претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета во Хрватска и средбата со колегата Зоран Милановиќ, изјави дека доколку ЕУ одлучи да ги раздвои Северна Македонија и Албанија, официјално Скопје нема да има никакви забелешки. Како што вели тој, не треба да се блокира Албанија или да се бара да не биде пуштена без Северна Македонија, само затоа што ние имаме билатерален проблем со некоја трета држава.
-Морална и исправна позиција е, господа од Албанија повелете напред напредувајте кон ЕУ, бидејќи тоа го заслужувате. Јас мислам дека и Северна Македонија години наназад го заслужува тоа истото, но ако ме прашувате за тоа, не постои ниту ќе има примедба, никаква примедба од Скопје за напредокот на Албанија кон ЕУ, во ситуација кога очигледно поради еден билатерален спор ние сме замрзнати во оваа ситуација. Јас се надевам дека таа ситуација по бугарските избори ќе биде поинаква, и ќе можеме за кратко време веројатно во текот на оваа година да направиме пробив, ако не кој сме ние во Северна Македонија, во Скопје да кажеме немојте да ја пуштате Албанија да прогресира затоа што нас не блокира некоја трета држава, вели Пендаровски.